Владата бара високо образовани и способни кадри за промотори во САД

 

Македонската Влада отвори јавен повик за пројавување интерес за економски промотори.

Се бараат високо образовани и способни кадри, со релевантно искуство. Потребни се економски промотори во Њу Џерси и Конектикат, Далас и Хјустон и еден во Минеаполис.

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија зема активно учество во енергичната кампања на Владата која има примарна цел- подобрување на економски пораст на земјата преку зголемување на странските директни инвестиции во софистицирани, високи технологии извозно ориентирани индустрии во земјата и во целните индустриски сектори во кои Македонија е конкурентна.

Портпаролот на македонската Влада, Александар Ѓорѓиев истакна дека заинтересираните кандидати треба да достават мотивациско писмо (со максимум 500 зборови) и кратка биографија.

-Кандидатите кои ќе аплицираат треба да имаат завршено високо образование, да работеле две години во рамките на сферата на екопномијата и да имаат одлично познавање на англискиот јазик. Цениме дека е добра можност за сите кандидати, за оние најспособни, најквалитетни кандидати, да аплицираат за да можат да се стекнат со можност да бидат избрани и да ја извршуваат оваа одговорна функција која што е значајна и за Република Македонија, но е значајна и за нивната кариера и нивниот професионален развиток, истакна Ѓорѓиев.

Кандидатите кои ќе се јават на Огласот треба да ги исполнат и следниве услови: способност за презентација, комуникациски вештини и тимска работа, способност за покренување на иницијатива, проактивност и работа под притисок.

Огласот ќе трае до 10-ти ноември.

Exit mobile version