Властите на САД преку авиони собираат податоци од мобилни на илјадници Американци

Агенцијата на министерството за правда на САД собира податоци од илјадници мобилни телефони на Американци, како на невини граѓани, така и на осомничени криминалци, пишува весникот „Волстрит џурнал“.

Програмата на федералната Шерифска служба на САД е активна од 2007 година. Таа користи авиони „Цесна“, кои летаат од најмалку пет големи аеродроми и покриваат поголем дел од населението на САД, наведува весникот, повикувајќи се на запознаени со операциите.

Авионите користат системи на компанијата „Боинг“, кои имитираат сигнали на телефонски кутии, кои се користат од големите мобилни оператори, што го пресретнува мобилните телефони и им ги открива податоците.

Направите наречени „валкани кутии“, може да собираат информации од десетици илјади мобилни телефони со еден потег, а летовите се вршат дневно.

Според весникот, не е познато какви мерки се преземеаат со цел да се гарантира дека собраните податоци од невини граѓани не се чуваат за користење од властите во иднина.

Exit mobile version