Можно е вечерва ВМРО-ДПМНЕ да утврди кандидат за градоначалник на Кичево

На вечерашниот Извршен комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ се очекува да се одлучи за неколку кандидатури за градоначалници на претстојните Локални избори. Помеѓу нив, се очекува да биде претставено и името на кандидатот за градоначалник на Кичево.

ВМРО-ДПМНЕ кон средината на минатиот месец веќе утврди 10 имиња за кандидати за градоначалници. За кандидати беа промовирани: Коце Трајановски (Скопје), Борче Митревски (Петровец), Жика Стојановски (Илинден), Никола Бакрачевски (Охрид), Јагнула Куновска (Карпош), Владимир Талевски (Битола), Марјан Ристески (Прилеп), Блажо Велков (Ново Село), Васил Пишев (Струмица), Зоран Ѓорѓиевски (Куманово).

Локалните избори 2013, ќе се одржат на 24 март.

Exit mobile version