Во кичевијата не изостана првомајската скара

Традиционално граѓаните на Кичево и регионот за 1 –ви Мај излегоа во природа, каде со скара и пиво, игра и песна, го прославија овој празник. Најголем  број граѓани  престојуваа крај бреговите на реката Треска, манастирските комплекси„ Св. ЃорЃија” и „ Св. Пречиста”, СРЦ  Крушино, а имаше и такви кои денот го искористија за прошетка во соседниот Охрид.

За земјоделците нема одмор, бидејќи во полн ек е сеидбата на пченката, гравот  и градинарските култури. По традиција лошите навики на граѓаните по престојот во природа, да остават купишта ѓубре зад себе не изостана и годинава. Така што  како и лани на потегот од Кичево до Крушино, немаше ни еден квадрат површина на која немаше фрлено некаков отпад.

Зоран Антоски

Exit mobile version