Во Кичево поставено шест метарско албанско знаме

Фото преземено од ТВ Ускана

Вчера во Кичево (село Грешница) од страна на ДУИ беше поставено шест метарско албанско знаме на јарбол со висина од 35 метри. Како алиби за поставувањето на знамето е 100-годиншнината од албанската независност.

Лидерот на Демократската унија за интегритет, Али Ахмети одржа говор и порача дека Албанците нема да дозволат „ниедна црна рака до го допре албанското знаме“.

Од Светскиот македонски конгрес порачаа дека законот за територијална организација на локалната самоуправа не значи освојување на истите територии, туку поефикасна власт, која ќе биде еднаква за сите граѓани.  За СМК ова е само уште една провокација.