ФОТО: Како се прославија Водици низ Кичево и Кичевско! [2014]
Ако викаат: „За Божиќ кај и да си, дома да си“, во Кичево тоа важи и за Водици. Останало аманет од нашите предци да се собираме на огништата откаде потекнуваме и да го славиме големиот празник Богојавление. Со вера, со песна, со обичаи, со добра мисла. И секако, со топла ракија. Кумството се предава од стариот на новиот кум, за догодина и побројни и повесели.
Овие слики нека сведочат за нашето наследство. Нека ни е за многу години Свети Јован!
Галериите не се конечни и ќе се дополнуваат онака како што ќе праќате фотографии. Испраќајте слободно на kontakt@kicevo.mk