Подобро водоснабдување за централното градско подрачје

На 20ти ноември  ЈП Комуналец започна со градежни работи и инсталирање на споредни водоводни линии од новиот главен цевовод Ф 300 кои започнува  од раскрсницата на  магистралниот  пат  по  Булевар па се до раскрсницата до  ул. „Рудничка“ до заводот за вработување. Изградени се дванаесет приклучоци од левата и десна страна со профили од Ф 150, Ф100 и Ф 63 .

Со пуштањето на новиот цевовод ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето во централното гратско подрачје.