Зголемен водостој и на Зајашка река (фото, видео)
Попладнево критично е зголемен водостојот на Зајашка река. Од фотографиите и видеото се гледа огромна количина на ѓубре кое го носи реката, а нивото на водата е сериозно покачено.
Состојбата е полоша од потегот на депонијата па натаму каде цели ридови со ѓубре се уриваат во реката, а во деловите каде што Треска се излева, ѓубрето останува на нивите. Демне уште една еколошка катастрофа.