Возете внимателно на патиштата

Од утрово цела Македонија е зафатена од снежен бран. Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива отежнато и забавено во зимски услови, пo влажни и лизгави коловози, особено во западниот дел од државатa.

Поради врнежи од снег и остатоци од снег на коловозот, воведени се забрани за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Стража – Кичево, Гостивар – Маврово – Дебар и Охрид – Буково – Ресен, како и на потот Струга – граничен премин Ќафасан. Доколку тргнете на пат по некој од овие правци неопходна е зимска опрема.

Особено тежок за возење е патот од Кичево спрема Охрид поради високи снежни наноси.