Се случува чудо во црквата во кичевска Вранештица?

Дали се случува чудо во црквата Свети Никола во село Вранештица, кичевско? Селаните кои денес со жив ѕид протестираат против сечењето на црковната шума се уверени дека е така! И тоа пред нивните очи!

Имено, во црквата Свети Никола, која пред 7 години доби нов, бакарен, покрив, попладнево пред очите на 20 жени кои палеле свеќи, паднала фреската на светецот. Остатокот од фрескоживописот останал негибнат. Селаните кажуваат дека во исто време напукнал и кровот на самата црква.

Селаните ова го толкуваат како порака поради денешните тензии на големиот верски празник Дуовден, кога дрвосечачи дојдоа да ја сечат црковната шума околу која се наоѓаат три цркви, од кои две се многу стари и потекнуваат од 6 век.

Во очекување сме да добиеме фотографија од самото место. Доколку имате, пратете на kontakt@kicevo.mk

Exit mobile version