Студено со можност за локални врнежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, наутро со услови за појава на магла. Во јужните и во југоисточните делови од земјата во пoпладневните часови ќе има и услови за појава на локален дожд, а на високите планини слаб снег. Ќе дува слаб променлив ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од пет до девет степени.

Во текот на денот се уште ќе има услови за појава на слаб дожд во јужните делови од земјата, а од утре до понеделник ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Дневните температури благо ќе се покачуваат до викендот.

Exit mobile version