Денес сончево

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер, а долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до четири, а дневната од шест до 10 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а преку денот температурата постепено ќе биде во покачување.