Времето денес, вторник, 25 ноември

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност особено во претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од четири до 11 степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно облачно време со услови за повремен локален дожд, особено во четврток. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

Exit mobile version