Деспотоски со своја веб страница

Од пред неколку дена започна да функционира веб страницата на актуелниот градоначалник на Општина Кичево и кандидат за втор мандат на градот, Благоја Деспотоски. Страницата е од промотивен карактер. Се ажурира на дневна основа и засега се објавуваат активностите на градоначалникот и неговиот тим.

За скоро време на страницата ќе биде поставен и отчетот од сработеното во изминатите 4 години, како и програмата за наредните 4 години со која ќе настапи на локалните избори на 24 март.

Посетете ја: http://blagojadespotoski.mk