Забрана за движење на тешки товарни возила преку Стража

Поради поголеми врнежи од снег, на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража воведена е забрана за движење на тешки товарни возила.

Врнежи од снег има и на планинските премини Пресека, Попова Шапка и Маврово, но на тие делници нема забрани за движење на возилата.

За сите кои патуваат обврзувачки е да поседуваат зимска опрема.

Exit mobile version