Воведена забрана за движење на товарни возила од Кичево кон Гостивар

Сообраќајот се одвива во отежнати услови поради врнежите од снег и дожд кои ја зафатија Македонија. Забрана за движење за тешки товарни возила има на патниот правец од Кичево кон Гостивар, а железничкиот и авиосообраќајот се одвиваат без проблеми.

На сите магистрални и регионални патни правци низ државата сообраќајот се одвива забавено, по влажни коловози. Врнежи од снег има сите планински превои.

На патниот правец Гостивар – Кичево е укината забраната за тешки товарни возила, додека на правецот од Кичево кон Гостивар забраната сеуште трае. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се на терен и работат на расчистување на патот.

Кај железничкиот сообраќај, како што информираат од Железничката станица, има мали задоцнувања.