„Зад стаклото“ изложба на Јовица Мијалковиќ

Во петок, 7 ноември, во Н.У. Центар за култура „Кочо Рацин” – Кичево со своја самостојна изложба ќе се претстави уметникот Јовица Мијалковиќ. Изложбата е насловена „Зад Стаклото“. Почетокот е закажан во 20.00 часот.

Јовица Мијалковиќ е роден во Белград 1952 година. Во 1980 година дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1997 година. Добитник е на наградите: 2001 ДЛУМ откупна награда за графика “Климент Охридски”; 2004 ДЛУМ голема годишна награда за графика “Климент Охридски” и 2005 ДЛУМ откупна награда за цртеж “Климент Охридски”. Учествувал на повеќе од стотина групни изложби. Досега имал неколку самостојни изложби во Скопје, Прилеп и Абу Даби.

Exit mobile version