Зајас до првиот второлигашки бод против Дрита

Екипата на Зајас во првиот второлигашки натпревар пред своите гледачи го освои бодот првенец , откако денес против довчерашниот прволигаш Дрита  одигра 0-0.
Инспираните фудбалери на Зајас вложија максимален напор да дојдат до трите бода ,но добриот голман Баснарков и неснаодливоста на домаќините, придонесоа мечот да заврши без голови.И покрај ремито портокаловите со аплаузи беа испратени од илјадната публика присутна на овој натпревар.
Текст и фото: Зоран Антоски
Exit mobile version