Се гради водовод во Зајас

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири заедно со градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари денеска беа во инспекција на изградбата на регионалниот водовод во Зајас.

Со овој регионален водово, истакна министерот Изаири, со вода за пиење ќе се снабдуваат неколку села од овој регион, а предвидено е  до крајот на оваа година да бидат завршени околу 50 проценти од проектот, додека останатиот дел ќе се гради во текот на идната година.

– Работите течат како што беше предвидено и се надевам дека сето тоа ќе заврши во предвидениот рок. Со овој проект сакаме да докажаме дека ќе продолжиме да инвестираме како влада секаде каде има потреба и секако и во оние места каде што живеат Албанците, истакна Изаири.

Градоначалникот на општина Кичево Дехари истакна дека се гради во интерес на граѓаните онаму каде што е најнеопходно. Овој проект, информира меѓу другото, е во вредност од околу еден милион евра.

Exit mobile version