Зајашка река поплави 70 семејства

Излевањето на Зајашка река во Кичево загрози околу 70 семејства кои беа евакуирани вчера доцна попладне. Црвениот крст на Република Македонија веднаш по направената проценка за потребите на настраданото население, достави помош од 70 пакети со прехранбени продукти, 70 пакети со средства за хигиена, 150 ќебиња и вода за пиење.

Поплавени се подрумските простории на околу 70тина куќи. На терен се екипи од ДЗС и ЕЛС кои вршат заштита на речното корито од понатамошно излевање.

Во моментов во загрозеното подрачје се дели вода и разни хигиенско технички средства.