Зајажанец со прострелни рани пренесен на ургентен во Скопје

Синоќа околу 22 часот во Медицинскиот центар во Кичево на одделот за Итна медицинска помош бил донесен Л.А. (22) од село Зајас – јавува МВР. Момчето имало прострелни рани во пределот на потколеницата. Поради сериозноста на повредите лицето е пренесено во Ургентен центар во Скопје.

По преземени мерки и активности утврдено е дека Л.А. бил повреден на паркинг простор во атар на село Кнежино, по извршен увид пронајдени и подигнати се неколку чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version