Заменик министерот Ѓорѓија Сајкоски во посета на Демир Капија

Заменик министерот за локална самоуправа, Ѓоргија Сајкоски, вчера ја посети општина Демир Капија. Во рамки на посетата тој се сретнa со градоначалникот на општина, Трајче Димитриев и се запозна со реализацијата на актуелните проекти во општината, со акцент на потенцијалите за реализација на проектите за прекугранична соработка и за регионален развој, кои што ќе бидат имплементирани преку меѓуопштинска соработка и соработка со Центарот за развој на вардарски плански регион.

Градоначалникот на Општина Демир Капија, Трајче Димитриев го запозна заменик Министерот за локална самоуправа, Ѓорѓија Сајкоски за тековниот проект и идните предлог проекти во ИПА Прогамата за прекугранична соработка на Р.Македонија и Грција. Во Демир Капија, покрај проектите финансирани од општинскиот буџет, донациите од дипломатските претставништа во Р.Македонија и владини средства, завршена е реализацијата на проект од првиот повик на ИПА Програмата за прекугранична соработка на Р.Македонија и Грција. Преку овој проект се отвори Центар за едукација и вмрежување во туризмот, ЦЕНЕТ, кој што е единствен во овој регион и пошироко. Заменик Министерот беше информиран и за трите апликации со предлог проекти доставени од страна на ЕЛС Демир Капија на последниот повик на ИПА Прекугранична соработка на Р.Македонија и Грција 2007-2013 година.

Заменик министерот Сајкоски истакна дека владата на Република Македонија и министерството за локална самоуправа ке работат во насока на подржување на сите проекти и иницијативи кои произглегуваат од сите општини во републикава.