Е замисли што мажи биле тие што се уплашиле (24)

2003 година, 100 години од Илинденското востание. Цела година подготовки, санација на споменици од тој период … Помпезна најава на сите ѕвона: …од Истабул ќе ни биде донесено оригиналното црешово топче.
Со сета должна почит, беше донесено оригиналното црешово топче. Слета авионот и за прв пат во оригинал видовме и допревме 100 – годишна историја на нашите предци. Црешовото топче беше предадено во рацете на гардист кој го носеше со леснотија.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Анџак на муабетот, влегува Злате С. во една од кичевските кафеани каде претежно се собираат преставници од разни етнички припадности и каде секој со секого терат дангара без пардон и без лутење, што е најважно. Веднаш „удар“ в ребра: - … „Абе Злате со ова топчево ко стебло ќе го уривавте Султанот наш / Е замисли што мажи биле тие што се уплашиле од него“ … им дал каршилак со контра Злате С. …раскажано од Сабата.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

кичевонастаниМарјан Стојаноски Маковистинити случкимајтапинамќорлоцинаравоученијаАко појдам во Чаршија