Заплака икона на Пресвета Богородица

Иконата на Пресвета Богородица во православниот манастир Будисавци во Косово и Метохија се расплакала за време на празникот Свети Јован Златоуст, на 26 ти ноември.

Како што известил еден верник, чудото божје се случило за време на акатистот за Пресвета Богородица што го читал игуменот Алексеј. Иконата се наоѓа на манастирскиот иконостас.

Манастирот Будисавци се наоѓа во општината Клина, 17 километри источно од Пеќ и и’ припаѓа на Рашко – призренската епархија. Тој потекнува од 14 иот век, но со сигурност не се знае кој бил ктиторот.

Од манастриот Будисавци е и иконата  која потекнува од крајот на 14 иот или почетокот на 15 иот век. Манастирот во 1568 та година бил обновен од патријархот Макарије Соколовиќ (1557 – 1571).

Exit mobile version