Запленета стока во автобус што сообраќал од Рим кон Кичево

Македонската царина заплени 225 готови текстилни производи (блузи, кратки палта, јакни и долги палта) откриени на граничниот премин Табановце, при контрола на автобус со македонски регистарски таблички, што сообраќал на релација Рим-Кичево, пријавен за влез во државата.

Непријавената стока, сопственост на возачот на автобусот, македонски државјанин, пронајдена е во 5 патни торби, 1 куфер и 1 најлонска кеса, сместени во багажниот простор на возилото.