Започнува со работа кичевското кино

Во сабота и официјално започнува со работа киното во Ц.К. Кочо Рацин во Кичево. Првите кино претстави ќе биде руски филмови од циклусот„ Војна и мир во рускиот филм“ а ќе се прикажува од 11 до 16 мај.

Опремата за ова како и за останатите кина во републикава ги обезбеди Владата на РМ преку Министерството за култура.

– На радост на многубројните филмофили , конечно ќе можеме и во нашиот град да следиме филмови на големото платно. Секојдневно ќе имаме по една претстава и тоа со почеток во 20 часот. Во зависнот од заинтересираноста на гледачите, бројот на претставите може да биде и зголемен. Инаку новата дигитална опрема е од врвен квалитет и овозможува прикажување на филмови во HD технологија, со што се добива беспрекорна слика и тон. Очекуваме дека кај граѓаните на Кичево ќе ги вратиме старите навики, барем еднаш седмично да одат на кино- информираа од Ц.К во Кичево.

Ревијата на руски филмови ќе се одржи од 11-16 Мај во 19:00часот и ќе ги прикажува следните филмови:
–    Ние сме иднината
–    Поп
–    Една војна
–    Sвезда
–    Ослободување
–    Летаат ждраловите

Влезот е слободен.

Инаку во Кичево до пред 20 години континуирано работеше киното Партизан а филмови се прикажуваа и во Домот на АРМ.

Зоран Антоски

Exit mobile version