Заврши протестот на родителите пред општина Кичево

Заврши мирниот протест пред Општина Кичево на кој родителите на учениците кои учат во основните училишта „Кузман Јосифоски – Питу“ и „Д-р. Владимир Полежиноски“  побараа од општинските власти да се реши проблемот со греењето во овие две училишта.

Делегација на родители беше примена од страна на градоначалникот Фатмир Дехари со едно единствено барање: Кога ќе се овозможат нормални услови за настава за учениците, на кое градоначалникот немал конкретен одговор.

До решение не е дојдено со образложение дека општината нема средства за да набави нафта за греење на училиштата и дека за проблемот е запозната и Владата на Република Македонија откаде е побарано да издвои нафта од државните резерви и така да ги снабдат училиштата.

Градоначалникот ги известил родителите дека ќе бидат информирани од страна на директорите за евентуален напредок до решавање на проблемот со греењето.

На протестот присуствуваа околу 1000 родители и граѓани.

Exit mobile version