Заврши првата етапа од велосипедската Трка низ Македонија

По повод дваесет и две годишнината од прогласувањето на независноста на Република Македонија, Велосипедската федерација на Македонија и АМСМ организираа Трка низ Македонија. Од  целата трка единствено се вреднуваат пласманите од првата етапа што денес се возеше на релација Скопје-Кичево, во должина од 110 км.
На стартот од трката пред триумфалната порта во Скопје присуствуваше Премиерот на Владата на Р.М. господинот Никола Груевски.
На стартот од првата етапа се појавија вкупно 44 велосипедисти, од 9 клубови од земјава и еден клуб од странство, поточно од Штрпце – Косово. По изминати 110 километри прв низ целта мина гостинот од клубот Дане Тим од Штрпце – Косово, Никола Грбиќ, кој оствари време 2.55.25. На второто и третото место со исто време  се пласираа членовите на Вело.М Куманово, Никола Ѓукиќ и Никола Ристовски , кои остварија време од 2.58,о2.. На четвртото место се пласира најдобриот млад велосипедист во Македонија, Јован Јованоски од клубот Енерџи од Охрид.Утре се вози втората етапа на релација Охрид – Прилеп.Завршницата на трката е на 6 септември со промотивната етапа Штип –Скопје.
Зоран Антоски