Заврши првиот уписен рок во кичевските гимназии

Министерството за образование е задоволно од текот на првиот приемен ден во средните училишта низ Македонија.

Во кичевските средни училишта „Мирко Милески“ и „Дрита“, во првиот приемен рок конкурирале вкупно 400 ученици. Според податоците добиени до 14 часот, бројките на пријавени ученици се следни:

Во ОСУ„Мирко Милевски“, пријавени се 107 ученици за гимназиско образование, 77 на македонски наставен јазик и 30 на турски наставен јазик, 120 ученици за стручно образование 119 на македонски наставен јазик и 1 на турски наставен јазик.

Во ОСУ„Дрита“, пријавени се 107 ученици за гимназиско образование на албански наставен јазик и 66 ученици за стручно образование на албански наставен јазик.

Квалификационото    тестирање    ќе    се    организира    во    училиштата  на 28 јуни 2013 година, а резултатите ќе се објават на 29 јуни 2013 година.

Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

Овие две училишта за следната година имаат вкупно  1156 слободни места. ОСУ „Мирко Милески“ има 544 слободни места за ученици во 16 паралелки (476 ученици во 14 паралелки со  настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелка со настава на турски јазик, додека ОСУ „Дрита“ има 612 слободни места за ученици во 18 паралелки со настава на албански јазик.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 1 и 2 јули 2013 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 4 јули 2013  година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 22 август 2013 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 23 август 2013 година.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги потполниле утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс продолжуваат со запишување на учениците до 30 август 2013 година.