Штипјанецот Драган Здравков нов тренер на Напредок

Лицитацијата околу новиот тренер на Напредок конечно е завршена. Така што од денес штипјанецот Драган Здравков, поранешниот тренер на Пелистер и Брегалница е новиот кормилар на кичевски Напредок, кој доаѓа на местото на доловечниот Бочески кој се пресели во екипата на битолски Пелистер.

-Во среда 3 јули Здравков и официјално ќе им биде претставен на фудбалерите на Напредок, кога воедно ќе стартуваат и летните подготовки. Кичевскиот прволигаш обезбеди и две искусни играчки засилувања во довчерашните пелистерци Тони Велјаноски и голманот Пеце Коруноски. И дефинитивно во редовите на Напредок останува и Филип Најдовски а до стартот на подготовките се очекуваат уште 2-3 играчки засилувања – најави првиот оперативец  на клубот претседателот, Илија Китаноски.

Текст и фото: Зоран Антоски

Exit mobile version