Дај ми од она малоно, зеленоно шише (5)

Едно време беше мода да се купи регал со бифе – бар, вградени во него. Мода беше, ама не секој го полнеше. Е на еден таков директорски регал, преполн со најзвучни светски брендови од алкохол се, „прибрал“ другар ми.
Тој можеше во „светли моменти“ да испие 1 – 2 килограми коњак на ден, а такви моменти имаше многу.
Ме повика еднаш татко му за да ми покаже дека и WC шолјата кај нив нон – стоп мирисала на коњак. Уште од вратата, санки дестилерија цела куќа мирисаше.
Подначул другар ми дека брат и не е тука (беше постар, мангуп и строг) а татко е на службен пат фамилијарно и од „преголема желба за дружење“ отишол до кај нив. Девојчето културно, директорско, го понудила што ќе пие, отворајќи му го бифето. „Многу незаинтересирано“ другар ми покажал кон едно шише велејќи: – … „ ДАЈ МИ ОД ОНА МАЛОНО, ЗЕЛЕНОНО ШИШЕ “. И така 2 – 3 дена навраќал другар ми, се додека не го цицнал цело, не оти не можел одеднаш, ама и ние децава од работничка класа сме културни, нели !!?
Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“
Се враќа брат и отвара и гледа „зеленото шише“ до газер испиено. Бесен, Рис. Кој пиеше од шишево ? / Паа, дојде ***он, го понудив, од него сакаше / Па добро бе знајш дека тоа беше „Курвоазје“ 12 годишно и најскапо во колекцијава !!??

Е таа не знајла, ама имало и кој знајт !!!
Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако
Exit mobile version