Железничката станица Кичево бојосана во сино

Со средства на компанијата Бали-Бус од Кичево, која стопанисува со дел од железничката станица во Кичево, извршена е делумна санација на некогаш најубавата станица во земјава.
На тоалетите поставени се нови врати, санирани се оштетувањата на кровната конструкција, а во сино е бојосана предната страна на објектот. Интензивните бои на фасадата го прават овој објект забележлив од сите страни. Од Јавното претпријатие МЖ Инфраструктура, најавено е за следната година, железничката станица Кичево целосно да се реконструира, што ќе биде прв градежен зафат на овој објект од почетокот со работа во далечната 1970 год.
Зоран Антоски