Два посилни земјотреси во Егејско Море

Два посилни потреси во временски период од 90 минути се регистрирани во близина на грчките острови Крит и Милос.

Во земјотресите нема повредени, ниту е причинета материјална штета.

Првиот земјотрес со магнитуда од 5,6 степени според Рихтеровата скала се случил во 6:30 минути по локално време јужно од Крит. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри.

Вториот земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во осум часот по локално време на јужната страна на островот Милос, кој се наоѓа во групацијата на Кикладите.

Во Грција сеизмолошките активности се многу почести во однос на другите европски земји.