Заменик министерот Сајкоски присуствуваше на потпишувањето на меморандум за соработка

Македонско-бугарската стопанска комора и Североисточниот плански регион потпишаа Меморандум за соработка и реализицација на заеднички проекти во меѓуграничка соработка.

Потпишувањето на меморандумот го поздрави заменикот министер за локална самоуправа Горгија Сајкоски, кој ја истакна дека соработката на планскиот регион со бизнис заедницата може да даде дополнителен импулс за развој на регионот.

Заменикот-министер за локална самоуправа, Ѓорѓија Сајкоски истакна дека согласно законот за рамномерен регионален развој министерството за сите осум региони, за наредната година предвидело 110 милиони денари.

-Во изминатиот период владата има инвестирано 540 милиони денари, во регионите. Од ИПА програмата со Бугарија за преку гранична соработка пак се искористени сите средства-додаде тој.

-Комората ги застапува интересите на двете држави и ние се трудиме да изградиме проект, а тоа го гледаме во туризмот и друг заеднички производ, кој што ќе биде наменет за трет пазар-изјави претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски смета дека на овој начин ќе се отвори можноста за економски развој, а воедно и ќе се деполитизираат регионите.

-Секаде во светот, пред се во европската заедница регионот е основна клетка во економскиот развој. Регионалните концепти даваат широка можност за формирање на услови за економски развој, пред се како што се големи индустриски зони, откупни центри.

Според бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Петков на овој начин ќе се интензивира меѓусебната соработката помеѓу Македонија и Бугарија, во сите сфери на општествениот живот.