11 септември 2001 – Денот кој го промени светот

После терористичките напади на 11 септември 2001 година ширум цели во САД, светот повеќе не е ист. Сеуште се свежи спомените за големите разурнувања, но и за пожртвуваноста на американските пожарникари и полицајци. Од тој ден светот е понебезбеден. Поделбите се продлабочија, предрасудите се зголемија. Терористичкиот акт донесе нови страдања ширум светот. Следеа нови војни во Авганистан и Ирак, нови терористички напади во Мадрид, Лондон, Москва, Беслан… Еден ден се ќе биде појасно кој, зошто, како. Но и покрај се, луѓето остануваат луѓе. Никогаш да не се повтори!

Exit mobile version