Денеска е Преподобен Јоаникиј Велики
Една таква извонредна светлина за светот беше овој преподобен Јоаникиј. Се роди во Витинија, во селото Мариката. Како момче беше овчарче и уште тогаш го засака молитвеното тихување. Подоцна се замонаши во еден манастир на Олимп, во Мала Азија и помина 50 години во подвиг. Од Бога доби големи дарови: ги лечеше сите маки и болести, изгонуваше демони, скротуваше ѕверови, преминуваше преку вода како по суво, ги предвидуваше идните настани. Проживеа 94 години и мирно се успокои во Господа, во 846 година.