ФОТО(И)СТОРИЈА: Старата чаршиска чешма

Кичевската градска чаршиска чешма. Потекнува веројатно од турско време. Ја гасела жедта на случајниот минувач, на еснафот, на пазарџијата… Повеќе не постои. Колку само се закажувале тука…

Се наоѓала во чаршијата, во близина на „Слобода“. Водата била носена од некој извор во насока на Крушино. Цефки од тој водовод денес се откриени при копање на повеќе темели во чаршијата. Веројатно на ова место одамна постоела чешма, уште во предотоманскиот период.

Патот крај кој се наоѓала (денешната улица „Александар Македонски“) е прастар пат користен уште во антиката. Штета што повеќе не ја гаси жеддта. Не познато каде е однесен убавиот постамент. Со нејзиното уништување, Кичево загубил уште еден паметник кој бил негово обележје со векови.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Exit mobile version