А ти сто години вака да живејш (21)

Ајјј, .рија малку, малку пак чинит појди до Австрија….што би рекол брат ми. Тој поќе е овде, ако целоо семејство му е таму, ама кај го имат .адето Кичевско, дангарите, дораснувањето со контра на пола град.

Во прво време, пожелно е да разберат дека „прајш пари таму в странство“, ќе викнеш некоја тура во „одредено место“ од самиот себе, ќе допрајш некоја стара куќа од твојте, ќе дајш пари на заем на близок роднина, ќе се раниш в кафана, ќе фрлаш празни чифтиња овде, онде … арно ама …

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

…Не мојш да ги заборајш довчерашние, ти биле комшии, пријатели, контраши, си делел и добро и лошо, а тие во меѓувреме поќе од глата, нешто од системов станале дибидус* фукари*, пртени…
Убајот глас на далеку се слушал, (за лошиот во друга пригода)… и тие слушнале, „напрајл пари“ и евеј ти се…

– „ .ри ако сакаш некој динар да дајш “. Ќе даваш, не на еден, на безброј и кој знајш и кој не знајш. Е све имат крај, тие ненаситни, ти помалку толерантен оти се намножиле и накрај ко Султанот што е чистел палатата од лажните дембели* ќе напрајш рез…
„Стар пациент“, ептен комшија, иста вера ……

– „ .ри, 100 денари да ми дајш !!

– Не дава ..че, не су за давање – резок одговор.

– Абе ми требат .ри“- пак запнал.

Ист одговор …..

– Да дајт Господ утре да умриш ……клетва, намќорлок од куче што си го ранел.

– А ти, 100 години вака да живејш ……….

То е животот, сто пати арно стори, еднуш лошо, последното важит/ умирачка еднуш идет, ама 100 години, немиен, да питачиш ……… раскажано според ..бата.

Дибидус* од Турскиот јазик, Диб = дно/ и Дус(з) = се прави, се израмнува – со преносно значење од дното прав …
Фукара* од Турскиот јазик = сиромашен, безимотен …….
Дембел* од Турскиот јазик – мрзлив, неработник ……..

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Exit mobile version