Откаде ќе се поаѓа за „Ден на Дрвото“ во Кичево

И оваа година на 21 ноември (среда) по 10-ти пат ќе се реализира акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. Се планира да се пошумат вкупно 803 хектрари од кои 574 хектари ќе бидат нови површини, а 131 хектар ќе бидат површини коишто треба да се корегираат, а на 98 хектари опожарена површина ќе се обновува шумата. Ќе бидат засадени вкупно 5.200.000 садници.

21 ноември е прогласен за неработен ден. Во продолжение следи преглед на места во Кичево и кичевско за организирано поаѓање:

ВРАНЕШТИЦА
1 автобус
пред Општината
Ќе се пошумува: м.в. Косичани
9 часот

ДРУГОВО
1 автобус пред Општината
Ќе се пошумува: Другово
9 часот и ротирање на 2 часа

ЗАЈАС
1 комбе
Ќе се пошумува: с. Брждани
9 часот

КИЧЕВО
4 автобуси Гимназија „ Мирко Милески“
Ќе се пошумува: с. Бражди м.в. Длапкин Дол
9 часот и ротирање на 2 часа

ОСЛОМЕЈ
1 автобус пред Општина
Ќе се пошумува: : с. Бражди м.в. Долапкин Дол
9 часот

ПЛАСНИЦА
1 автобус пред Општината
Ќе се пошумува: м.в. Барбарас
9 часот и ротирање на 2 часа

Exit mobile version