Градоначалникот на Кичево ги пречека инвеститорите од Турција

Денеска во општина Кичево, градоначалникот Благоја Деспотоски им беше домаќин на претставниците од стопанската комора на Измир, Република Турција. Турската бизнис делегација ја предводеа г-нот Медат Сенај, началник за стопански развој на градот Измир, и г-нот Имет Хочаоглу, приватен бизнисмен, сопственик на фабрика од прехрамбената индустрија.

Г-нот Хочаоглу, кој е роден во Кичево, а сега живее во Измир, е лично заинтересиран за даночните поволности кои Република Македонија и општината Кичево ги нудат за странските инвеститори. Тој лично е заинтересиран да инвестира во Кичево, во градот во кој што се родил.

Градоначалникот Деспотоски истакна дека Кичево има и добра местоположба и добра понуда на квалификувана работна сила и дека условите и поволностите за инвестирање во технолошко-развојната зона се гарантирани за сите инвеститори, особено за тие што доаѓаат од пријателска Турција. Во Кичево има и добри услови и домаќинско добредојде, за сите стопанственици кои имаат сериозни проекти и инвестиции, истакна Деспотоски. Од добрите проекти и заедничките инвестиции секој во општина Кичево ќе има корист.

Exit mobile version