Е немат колче! (31)

Ватерполо натпревар малку после II светска војна. Оскудација. Од спортски прибор само топка, импровизирани стативи за вода и сето тоа на река, во Вардар.
Прво полувреме 1 : 0 за нас. Голманот (Kичевчанец отселен во Скопје и републички рекордер на 200 м слободно до 1954 год.) посебна приказна, немало топка што не ја фатил. Невидени бравури, акробации, голот маѓепсан за противникот.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Амаа, имало и второ полувреме. Гол до гол, не втуриле. На крај завршило 15 : 1 за „душманите“.
После утакмицата му приоѓаат играчите на голманов и малку со доза на непријатност му велат:

– …. „Добро бе гол не ти дадоа прво полувреме, што се стори со тебе во второво, топка не фати ?!!

-Е НЕМАТ КОЛЧЕ ОД ОВА СТРАНА ВО ВОДАВА ПОД ГОЛОВ па да стојам цело време поткачен на него ……..

Раскажано од Павле Сретеноски

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Exit mobile version