Контејнерите празни а околу нив купишта ѓубре

Грдото лице на Кичево

Во овие летни месеци честа е глетката, поготово на периферијата на Кичево,  кога контејнерите се празни празни а околу нив  има вистинска депонија од комунален отпад.

Нејасно е каде лежи проблемот, дали граѓаните неодговорно го фрлаат ѓубрето крај контејнерите или можеби кучињата скитници кои барајќи храна ги тргаат најлоните од контејнерите и го разнесуваат ѓубрето на поширок простор.Заради неширење на зарази, добро би било комуналците покрај редовното празнење на контејнерите, почесто да ги чистат и овие депонии создадени околу контејнерите.
Текст и фото: Зоран Антоски
Exit mobile version