ФОТО: Мозаик во чест на Тоше Проески

Професорот Ристо Тошески од Прилеп 4 години макотрпно работел мозаик во форма на солза, посветен на Тоше Проески, пренесува агенцијата Курир. На ангелот е претставен познатиот Архангел Гаврил (фреска Благовестие) од Курбиново, 26 цвеќиња кои ги претставуваат годините на Тоше, две цреши и виолински клуч.

Мозаикот ќе биде поставен во мало езерце во близина на домот „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 16 октомври, кога се набележуваат 5 години од неговата трагична смрт.

 

Exit mobile version