Шарпланинец – препознатлив симбол на Македонија

Шарпланинецот претставува автохтона раса овчарско куче,  кое доаѓа од планинските масиви на Шар Планина.
Кучето Шарпланинец е национално куче на Република Македонија. Името му потекнува од планината Шар Планина. Расата шарпланинец за прв пат е регистрирана и призната од страна Светската Кинолошка Федерација во 1939 година под името Илирски овчар.
Карактеристики на Шарпланинец:

Шарпланинецот се одликува со голема способност и издржливост  на ниски температури, географска изолираност, чување на стадото како и справување со дивите животни (Особени волци и мечки)

Боја:

Кај шарпланинецот се дозволени сите бои , само не чисто црната,чисто белата и чисто црвената боја.

Изглед:

Правилниот шарпланинец мора да има црно лице (црна маска) и најмалку делот околу неговите очи да биде црн. Очите треба да имаат темна боја со кружна форма. Ушите треба да му бидат прилепени за неговата глава , обликот на целосната глава треба да биде сферичен (топчест), а грбната линија рамна. Забите треба да му бидат ножичести (да се поклопуваат горната и долната вилица). Влакната кај шарпланинецот мора да има должина на гребенот минимум 10цм,а опашката треба да биде со должина под скочниот зглоб.

Висина:

Висината кај женките треба да биде минимум 58цм, а кај машките шарпланинци минималната висина треба да биде 64цм

Тежина :

Тежината кај машките шарпланинци треба да изнесува од 35кг до 45кг, а кај женките тежината треба да изнесува од 30кг до 40кг

Карактер:

Шарпланинецот се одликува со стабилен карактер,не треба да се агресивни кога во нивна близина се наоѓа газдата,а во случај кога газдата не е во нивно присуство нивна задача е да не дозволат никој да се приближи до местото кое го чуваат.

Шарпланинецот во нашава земја се користи најмногу како чувар на добитокот особено на овци. Неговиот карактер не дозволува добитокот кој го штити да биде нападнат од страна на дивите животни
Во хиерархијата тие се така поставени кога излагаат да го чуваат добитокот (овците) ¨главниот¨ секогаш се наоѓа на т.н истурена позиција кој цело време го посматра стадото и им дава знаци на подредените во случај на опасност.

Тие хиерархиски се подредуваат преку нивна краткотрајна борба. Педигрето на кучето кажува дека кучето може и е способно да се прилагоди на секакви услови, секако со навремено носење и живеење на местото каде што ќе треба да живее.

Костадин Пејоски

Exit mobile version