ФОТО + ВИДЕО: Феликс Баумгартнер – човекот кој ги помести границите на невозможното

Пред повеќе од 4 децении хероите беа Јуриј Гагарин и Нил Армстронг, но оваа деценија херојот е австриецот Феликс Баумгартнер. По две одложувања тој вчеравечер го изведе скокот од работ на вселената и го сруши рекордот на највисок скок во историјата. Во стилот на Армстронг „Ова е (не баш) мал скок за еден човек, но голем за човештвото“

Балонот лансиран од базата Розвел, САД, достигна 16 километри за околу 50 минути, а во 20:06 часот искусниот падобранец скокна од височина од 39,068 метри иако беше плнирано скокот да се изведе од 36,576 метри.

“Доаѓам дома“, рече Баумгартнер (43) пред скокот.

По само 32 секунди го проби звучниот ѕид, а најголемата брзина што ја достигна при слободниот пад беше 1,173 километри на час. По точно четири минути и 19 секунди го отвори првиот падобран, а откако успешно ги отвори сите четири, слета во Њу Мексико во 20:16 часот.

“Бестрашниот Феликс“, кој за овој храбар подвиг се подготвуваше пет години, со денешниот скок стана првиот човек во светот кој со слободен пад го проби звучниот ѕид. Австриецот, исто така, го сруши рекордот во највисок лет со балон управуван од човек и рекордот во најдолг слободен пад. Пред 65 години американскиот пилот Чак Јегер за прв пат во историјата на воздухопловството го проби звучниот ѕид.

Фотографија за учебници

Exit mobile version