КУД „Младост“ на детскиот фолклорен фестивал „Витоша 2012“

Културно-уметничкото друштво „Младост“ од Кичево минатата недела учествуваше на интернационалниот детски фолклорен фестивал „Витоша 2012“, што се одржа во бугарската престолнина Софија.

– Горди сме што сме единствени претставници од Македонија на оваа меѓународна фолклорна смотра. Инаку, ова е нововостановен фестивал, кој првпат се одржува годинава, каде што покрај нашето друштво, учествуваа и фолклорни ансамбли од Романија, Србија, Турција, Унгарија, Молдавија, Грција и од земјата-домаќин Бугарија. За време на тридневниот престој во Софија ние одржавме исто толку концерти на повеќе локации во градот. Се претставиме со повеќе сплетови ора од сите делови на Македонија – вели Зоран Јовески, уметнички директор на КУД „Младост“ од Кичево.
Инаку, овој фестивал има ревијален карактер и се очекува традиционално да продолжи да се одржува секој октомври.
Зоран Антоски
Извор: http://www.novamakedonija.com.mk
Exit mobile version