Половина прва лига во потера по Ристе Маркоски од Напредок

И покрај неубедливите игри на екипата на Напредок во пролетниот дел од сезоната, сепак поголемиот дел фудбалери на кичевскиот прволигаш се на мета на повеќето прволигашки клубови. Над сите останати предничи интересот за плејмејкерот на сино-белите Ристе Маркоски, по кого во моментов во потера е
речиси пола прва лига.

-Не е тајна дека повеќето прволигашки клубови пројавуваат голем интерес за мене, уште ова лето да ме видат во своите редови.Понудите се доста примамливи и допрва ми претстои дилемата каде да ја продолжам својата играчка кариера. Се наоѓам во оптимални години за фудбал и морам да ја донесам најдобрата одлука за мене. Покрај опцијата да останам во земјава и да настапувам за некој прволигашки клуб, не се исклучува можноста во следната првенствена сезона да се преселам во странство, бидејќи има клубови од Швајцарија и Австрија, кои би сакале да ме ангажираат пред стартот на новата сезона. Во Напредок ми беше ссосема добро, но понудите од другите клубови се  поповолни и тоа ќе претежне да го напуштам кичевскиот прволигаш-рече Ристе Марковски, конструкторот на играта на кичевски Напредок.

Текст и фото: Зоран Антоски

Exit mobile version