Се расчистува одронот на патот Кичево -Охрид

Одронот од околу 70 метри кубни што настана поради обилни врнежи од дожд во текот на изминатата ноќ на патот Кичево – Охрид, меѓу селата Извор и Подвис, во месноста Овчанско Речиште, и покрај направеното проширување се уште го отежнува сообраќајот, информира ЈП „Македонија пат“.

Со одронот беа зафатени двете сообраќајни ленти, а екипите на „Македонија пат“ се на терен и го расчистуваат патот за целосна нормализација на сообраќајот.

Exit mobile version