Туку оти ја да си нема (45)

Tоа што носи моментот, не носи годината, ама и тогаш треба да си на висина на задачата…
Целокупниот живот, трговија во некои минати времиња се одвивале со каравани или индивидуално се коњ, магаре, мазга …

Сиромаштијата не бира страна, ја имало и ќе ја има. Многу сиромав човек, ама преполн со итрина тргнал во подалечен град на пазар да продаде нешто од бафчанџилокот. Излегувајќи од една кривина, видел 2 – 3 луѓе како се спремаат на ставено да ручаат во ливада покрај патот. Го зел стапот и му викнал крвнички на магарето, удри де по уши, де по глава и кај ќе најде со гласен коментар (да го слушнат !)

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

-„Мамето твое, цел леб, да ми го изејш, што ќе пра ја цел ден без јадење“

„Трзнале“ тие покрај патот, го пресретнал најстариот и му рекол:

– „Де бре пријателе го утепа магарево, седни ваму со нас, ние леб ќе ти дајме“

– Абре ја зна Вие не само леб, и сирење, зелник, од се што имате ќе ми дајте, туку оти ја да си нема ……и пак удри по магарето за „подобар впечаток и пополн стомак“

раскажал Зарија Јованоски

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Exit mobile version