Времето денес, среда, 3 декември 2014

Времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, а особено ќе бидат застапени попладне во јужните и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од девет до 13 степени.

Во четврток и петок во текот на денот ќе има преодно стабилизирање на времето, а од петок кон крајот на денот се очекува нов влажен бран.

Exit mobile version